Окружното јавно обвинителство од Ќустендил започна истрага против македонскиот државјанин К.К.(72), под сомнеж за шверц на дрога.
Во петокот на граничниот премин „Деве Баир-Ѓуешево“ припадници на Одделението за борба против трговија со дрога при бугарското МВР при претрес на автобус на релација Скопје – Истанбул, во личниот багаж на К.К. пронашле 6,235 килограми марихуана поделена во шест пакувања, од кои дел биле скриени во божиќни подароци.
К.К. е лишен од слобода и Обвинителството поденело барање до надлежниот Суд да му биде одредена мерка „притвор“.







