Бугарија: 53 отсто вработени земаат 450 лева плата

Заменик-претседателката  на бугарската партија Алтернатива за бугарска преродба (АБВ), Љубомира Ганчева изјави дека 53 проценти од вработените во Бугарија земаат 450 лева (225 евра -н.з.) плата и дека зборот што ја одбележува 2018 е „сиромаштија.



Во гостување на Bulgaria ONAIR, Ганчева изнесе податок дека според Евростат, 40% од луѓето во Бугарија (2,7 милиони лица) се сиромашни, дека минималната плата се доближува до линијата на сиромаштијата, а минималната пензија за идната година (219,4 лева) е под линијата на сиромаштијата.

Според податоците на Европската комисија 30% од Бугарите не можат да се загреваат во домовите, рече Ганчева.