Бугари и Романци се меѓу приведените за учество во голема онлајн измама за над 89 милиони евра во Германија, објави Европол.



Повеќе од 33 илјади луѓе се жртви на измамата.

Најмалку петмина се приведени и распишана е меѓународна потерница. Има тројца Бугари, а другите двајца се романски државјани.

На барање на германските власти во март тие беа приведени во акција која траеше два дена.

Претресени се 15 адреси во Бугарија, Романија и Израел, меѓу кои и пет нелегални телефонски центри. Операцијата следи по акциите против истата онлајн измама во 2021 година.