И оваа година Македонија и Србија се најпосакувана дестинација на граќаните од Бугарија – особено за жителите на Ќустендил – за претстојните празници.
Цените за празнична вечер со транспорт се движат помеѓу 150 и 260 лева (75 -130 евра), со едно или две ноќевања.
А ктуелни се и еднодневни екскурзии и божикен шопинг во Македонија и во Грција, чија цена е 35-39 лв.
Според Институтот за оценка и анализа на туризмот, оваа година повеќе од 530.000 граѓани на Бугарија ќе ги поминат претстојните празници надвор од нивниот дом.
110.000 Бугари велат дека ќе ги поминат празниците во странство а најпосакувани за празниците се Србија, Грција, Македонија и Романија.
Бугарските туроператори тврдат дека причина за тоа се и цените во Бугарија.
На пример куриозитет е Ќустендил каде понудата за престој за празниците била иста како во – Дубаи.





