Бугари бараат одмазда за Кадриески: Вратете го ветото за Македонија


По повод претепувањето на Бекир Кадриески, копретседател на Здружението на Бугарите во Македонија „Шемето“ во Стуга, кој наводно бил нападнат минатата недела со зборовите „валкан Бугарин“, синоќа во Софија мал број луѓе организираа граѓански протест пред Културно-информативниот центар на Република Македонија.



Најчевска:По секоја ли тепачка на криминалци ќе ни ставаат вето?

„Нападите против Бугарите станаа десетици, а на позадината на долготрајната репресија врз нив во Северна Македонија, која започна со комунистичкиот терор во Југославија“, велат организаторите на настанот, пренесе сајтот „Новини.бг“.

Причината е себугарска, правда за Бекир, коментирале демонстрантите.

„За нас нема дилема дека Македонија е бугарска“, рече европратеникот Ангел Џамбазки и додаде:

„Неуспех за бугарската дипломатија – декларацијата на германскиот Бундестаг за Северна Македонија е навредлива за Бугарија! Тоа значи непријателство кон нашата земја. Тоа ќе има огромен негативен ефект, бидејќи Бугарија е директно повикана да нема претензии за заштита на правата и легитимни интереси на луѓе со бугарска самосвест. На овој начин Германија застанува на страната на антибугарската моќ во Северна Македонија“.

„Колку повеќе Бугарите се третираат како такви, толку повеќе се зацврстува линијата и нападите против Бугарите“, коментира Пламен Димитров од Бугарскиот национален сојуз.