Бучковски за бугарско радио: Заев и Ципрас направија чудо

Започнува нова ера за Македонија, изјави  за бугарското национално радио БНР поранешниот премиер Владо Бучковски, по потпишувањето на протоколот за влез на Македонија во Алијансата под името Северна Македонија.



Според Бучковски,, членството во НАТО ќе го гарантира нејзиниот територијален интегритет на земјата,но дека истовремено има големо значење не само за земјата и за  регионот, туку и за цела Европа, па дури и подалеку.

„Заев и Ципрас направија чудо“, оценил Бучковски, кој очекува процесот на ратификација на Протоколот на НАТО за заврши до крајот на оваа година, а од 1 јануари 2020 година, Македонија да стане членка на НАТО.