, На заедночката прес конференција со шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, специјалниот владин претставник за Бугарија, Владо Бучковски изјави дека Македонија останува посветена на целосната имплементација на Договорот за добрососедство.
„Признаваме дека е нарушена довербата. Јас лично го изразувам задоволството што пријателска Република Бугарија го смета моето назначување како дополнителен напор од наша страна да ја вратиме довербата. Време е во периодот кој претстои да се фатиме за она што е сработено, отколку за празни зборови.
„Ниту јас, ниту г-ѓа Захариева не можеме да ја смениме заедничката историја, но можеме да ја смениме работата во областа на инфраструктурата, заедничките капитални проекти, соработката во образованието, науката и културата, посилна соработка кон зближување на двата народа и тоа ќе го сториме искрено“, рече Бучковски.






