Владо Бучковски, специјалниот претставник на Македонија за Бугарија патува денеска во Софија, потврдуваат извори од Владата за Фактор.
Но, од Министерството за надворешни работи нема детали за тоа каква средба е планирана, со кого и кога.
„Улогата на специјалниот претставник Бучковски е редовно да патува за Бугарија со цел следење на Акциониот план и поттикнување на соработката на линиските министерства. Во оваа насока очекувано е во наредниот период да оствари чести патувања на релација Скопје – Софија“, соопштија од МНР.
Бугарските медиуми јавуваат за средби со министрите Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов, а самиот Каракачанов најавува дека разговорот со Бучковски е денеска во 18 часот по локално време.






