Поради руското влијание, но и заради коњуктурана политичка состојба, во северна Македонија и во Бугарија одново се појавија сили, кои го спречуваат приближувањето на двата братски народи, изјави поранешниот македонски премиер Владо Бучковски за БНР.
„Тие сили од минатото, од времето на комунизмот, на социјализмот, кои, всушност, ја тргнаа Македонија од братска Бугарија, одново се разбудени и ја влечат, пред сè, од Македонија во туѓа прегратка, а не во прегратка на модерна Европа. И, се чувствува тенденција за руско влијание “, вели Бучковски.
„Очигледно е приближувањето на Македонија кон почнување преговори со ЕУ, а извесно е членството во НАТО и тоа предизвикува да се разбудат силите коишто сакаат на Балканот повторно да има дестабилизација. Тие сили се плашат од сојузот и големата коалиција што ја создадоа сегашните раководства на Македонија и Бугарија на патот кон ЕУ“, вел екс-премиерот според кој таквата состојба е плодно тло за дневнополитички игри.
„Очигледно е дека во Македонија има тенденции одново да се разбудат антибугарските сили коишпто изгледаат нервозни поради приближувањето на двата братски народа. Но, од друга страна, имам чувство дека и во Бугарија дел од политичарите се исплашија од договорот и од приближувањето на двете страни, затоа што ќе биде затворено македонското прашање и ќе мора да се фокусираат на секојдневните проблеми во општеството.
Јас сум убеден дека ние треба да бидеме сојузници и како Македонец мислам дека немаме поголем пријател од Бугарија и бугарскиот народ. Тоа очигледно некому му пречи и во Скопје и во Софија“, вели Бучковски.





