Специјалниот владин претставник за Бугарија Владо Бучковски, денеска во Софија ќе има средба со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.
Бучковски ќе се состане и со премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов.
За утре е најавена средба и со бугарскиот претседателРумен Радев.
„Доаѓам на покана од бугарската влада. Доаѓам како ваш голем пријател и со голема добра волја “, изјави Владо Бучковски за БГНЕС.





