Бучковски: Ние Македонците немаме поблиски од Бугарите

Некогашниот премиер Владо Бучковски, неодамна сменет од специјален владин претставник за Бугарија, во интервју за бугарската телевизија Нова тврди дека Македонците немаат поблиски од Бугарите, иако „други велат дека Србите ни се поблиски“.



„Ние Македонците немаме поблиски од вас Бугарите. Други велат дека Србите ни се поблиски. Ние Македонците сме кроток народ и сакаме да дојдеме до решенија со разбирање. Со разбирање и со вера дека можеме да се разбереме“, изјави тој.