Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да го прими на разговори и консултации Владо Бучковски кој е специјален претставник на премиерот Заев во спорот со Бугарија.
Опозицијата ја одбива идејата на претседателот Пендаровски Бучковски по враќањето од Софија да ги посети поголемите партии и со нив да разговара за бугарската блокада.
Шефот на собраниската комисија за надворешна политика Антонио Милошоски смета дека Бучковски нема кредибилитет да ја претставува Македонија и советува Власта да ги почитува уставот и законите кои јасно укажуваат каде се видат ваков вид консултации.
https://www.facebook.com/137339409618867/posts/3903839176302186/





