Поранешниот премиер Владо Бучковски, во дебата на „360 Степени“, зборуваше за вториот круг од претседателските избори и кои се следните чекори за СДСМ.
„СДСМ имаат простор да слават, но да не бидат еуфорични. Резултатот покажува дека СДСМ има сериозен проблем кој треба да го реши во следните месец, два“ изјави поранешниот премиер од редовите на СДСМ Владо Бучковски во гостување на Алсат м, а во врска со резултатот од вториот круг на претседателските избори.
Според него опасност од нова политичка криза мотивирало дел од незадоволните гласачи на СДСМ да излезат за да не пропаднат изборите.
„Не би сакал да бидам во кожата на Заев. Едно е кадровската промена, а премногу кус е периодот до следните парламентарни избори за сериозната реформа која треба да се случи во СДСМ. Мора да има непосредни избори, бидејќи дел од општинските раководства се поразени“ оцени Бучковски во емисијата „360 степени“ на Алсат.




