Во Софија и во Скопје ќе биде промовиран нов клуб за бугарско-македонско пријателство, а зад иницијативата стојат екс-премиерите Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.
Покрај нив, како основачи се наведуваат професори, новинари историчари од двете соседни земји
Според најавата, промоцијата во Скопје е закажана за вторник (3. мај) во Институтот за социјални и хуманитарни науки, јавува порталот Точка.
Според информациите од бугарската агенција БТА, меѓу основачите се и три организации на македонските Бугари – Бугарскиот културен клуб Скопје (БККС), Културно-просветно друштво „Вардар“ и Здружението на граѓани за промоција, издаваштво, иницијативи и меѓународна соработка „Дело“.







