Анализата на програмата на Бугарската национална телевизија БНТ која преговарачот со Бугарија екс премиерот Бучковски ја договори со бугарски официјални претставници покажува повторување на бугарската пропаганда од 19 и првата половина од 20 века.
За разлика од пред 75 или 105 години кога пропагандата ја водеше сама Егзархијата или бугарскиот двор овој пат Македонци во независна македонска држава самите промовираат великобугарски идеи.
Во обид да се додвори на бугарските политичари кои најавија дека ветото за ЕУ ќе трае додека не го смениме јазикот и дека сме биле Бугари македонската држава самата ја промовира негаторската агенда на официјална Софија со договорот за емитување на БНТ на главниот кабелски оператор во земјава.
Анализата на програмата на БНТ открива дека таму не само одвреме навреме туку систематски се води антимакедонска пропаганда.
Пример за тоа е емисијата “Историја.бг” која се емитува секоја недела на БНТ.
Во последното издание на оваа емисија темата е Гоце Делчев а еден од гостите е Ангел Димитров кој е лидер на мешовитата македонско – бугарска комисија и кој постојано зборува за бугарскиот карактер на Гоце Делчев, негоите соборци но и целото население во Македонија.
На БНТ има повеќе емисии во кои постојано преку разни форми се тврди дека Македонија и Македонците имаат бугарски карактер а на вестите речиси нема ден во кој не се негира дека Македонците настанале како автентичен обид за создавање на посебна нација.
Речиси сите информации на оваа тема се унисони и ја следат официјалната политика на бугарските власти според кои Македонците се “избањати” Бугари и нација измислена од Тито, Сталин и Коминтерната.
Овирже информации со одлука на Бучковски и владата на Зоран Заев во иднина ќе бидат на “едно копче” од македонските граѓани.
Сами видете каков вид антимакедонска пропаганда ќе можат да се гледа наскоро во Македонија.
https://bnt.bg/news/goce-delchev-291616news.html
Провокации и од Србија
За договорот на Бучковски
Од 1 март БНТ ќе се реемитува во Македонија, а МТВ во Бугарија






