Неколку групации покажуваат амбиции за преземање на партијата откако ќе замине Зоран Заев, а меѓу нив е и Бранко Црвенковски рече синоќа Владо Бучковски во гостување на ТВ21.
Вели дека и тој самиот имал такво искуство во 2006-та година.
„Бранко не ни крие дека има амбиции. Бранко му нанесе штета на Заев, на почетокот на кампањата.
Беше многу симптоматично тоа што неговото обраќање во МАНУ беше на почетокот на кампањата.
И јас се соочив со суетата на Црвенковски во 2006 година. Не случајно голем дел од членовите на СДСМ останаа дома“, изјави Бучковски поранешен премиер.
Според него, луѓе блиски до Црвенковски работеле на кампањата Максим Димитриевски да добие втор мандат за градоначалник на Куманово.






