Бучковски: Борисов лавовски се бореше за Македонија

Западниот Балкан е на раскрсницата – или ќе не биде или нема да не има, изјави за ТВ Блумберг Бугарија, пооранешниот македонски премиер Владо Бучковски, кој оценува дека Самитиот ЕУ-Западен Балкан во Софија може да го врати Регионот на дневен ред на Унијата.



„Според мене Бугарија направи многу и тоа мораме да го признаеме. Премиерот Борисов лавовски храбро се бореше за Западен Балкан, а особено за Македонија. Реално лавовски, и искрено велам дека ги натера и другите лидери на Европската унија да го преиспитаат значењето на Западен Балкан и да ги разгледаат шансите овие држави да станат членки на Европската унија до 2025“, рекол Бучковски.

Тој уште додал дека „за Македонија нема поголем сојузник од Бугарија во овој момент на патот кон Европската унија и НАТО…И драго ми е што мнозинството Македонци го препознаваат тоа“, ги пренесува неговите зборови агенцијата БГНЕС.

За состојбата на Бугарите во Македонија, Бучковски рекол дека македонските граѓани, кои се определуваат како Бугари, мора „да го прават она што го правеле во последните месеци“. Тие имаат можност без предрасуди, а во согласност со потпишаниот Договор, да се определуваат според она што го чувствуваат.

Политичката партија, формирана од Бугарите родени во Македонија, не само што ќе се натпреварува на политичката сцена, туку ќе освои многу предрасуди, рече Бучковски, како што пренесува агенцијата..

За заедничката комисија за историското минато тој оценил дека е време „еднаш засекогаш историјата да биде вратена на историчарите, а политичарите, кои денес се на чело на двете држави, да ја градат наша сегашност“.