Претставникот на Иницијативниот совет за протестите против поскапувањето на електричната енергија, Кренар Османи вчера, во гостување на ТВ Клан, на необичен начин му демонстрираше на првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски дека граѓаните не можат да ги плаќаат сметките за струја.



Во дебатната емисија во еден момент Османи стана и на Бислимовски му подари ќеса во која имаше – бубрези и два литри крв.

Тој рече дека на граѓаните им останало уште само да ги донираат бубрезите на енергетските компании за да ги подмират сметките.

“Нема што да ви дадеме повеќе! Се’ ни земате, само ова ни остана!”

https://www.facebook.com/FurKlan/videos/1272964689716080