Бубевски за убиството на ракометарот: Немаше намера да се прикрие

Мислам дека воопшто немаше намера да се прикрие. Само сплет на околности. Мислам дека тоа беше лоша медицинска проценка и стојам на тоа, изјавил обвинителот Гаврил Бубевски за хрватската телевизија РТЛ во врска со збрката од информации која настана по убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот во Скопје.



– Моите најнови информации велат дека сè уште се трага по човекот кој го започнал сето тоа. Тој прв го удрил ракометарот, кој не се ни бранел, а подоцна другите двајца го удирале со нозе во главата. Еден сѐ уште е во бегство – изјавил главниот скопски обвинител Гаврил Бубевски за РТЛ.