БТВ пренесува дека според Пендаровски има консензус за Бугарите во уставот на Македонија

Бугарскиот телевизиски сервис БТВ пренесува дека според македонскиот претседател Стево Пендаровски во земјава има консензус за Бугарите во уставот на Македонија.



Како што пренесува БТВ Пендаровски изјавил дека има консензус но има и страв дека тоа не е последно барање на Бугарија.

Во веата не се објаснува дека ВМРО-ДПМНЕ принципиелно нема проблем Бугарите да влезат во уставот како и другите помали заедници но само доколку и Македонците во Бугарија станат дел од бугарскиот устав.

Пендаровски во својата изјава која ја пренесува бугарската телевизија има дилема колку долго ќе опстане бугарската влада.

Ваквата изјава на Пендаровски според строгото толкување на Виенската конвенција за дипломатски односи може да биде третирано како мешање во внатрешните односи на соседната држава.