БТВ објави снимка од нападот на клубот „Борис III“ во Охрид

Бугарската телевизија БТВ денеска објави снимки од безбедносните камери во близина на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ на кои се гледа нападот на клубот.



Според видеото што го објави телевизијата, тројца мажи со маски на лицата фрлаат со предмети, најверојатно камења, кон клубот, при што се кршат прозорците на објектот.

Министерството за надворешни работи на Бугарија во реакција по инцидентот изрази најостра осуда за демолирањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид и порача дека со овој чин на злосторство е извршена уште една омраза врз Бугарите во земјава.