На првиот ден од посетата на РИМ, претседателите Румен Радев и Стево Пендаровски, присуствуваа на потпишување на договор за размена на информации и професионална соработка помеѓу Бугарската телеграфска агенција (БТА) и Медиумската информативна Агенција (МИА).
Генералните директори на двата медиуми Кирил Валчев и Драган Антоновски, го потпишаа документот во Претставништвото на Европската комисија во Рим, јавува БТА.
„Не може да има добро пријателство без редовни информации. Ние ќе очекуваме многу поинтензивна размена на сигурни, проверени и точни информации со претседателот Пендаровски”, рече претседателот Румен Радев.
Бугарската агенција наведува дека потпишаниот документ е во согласност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија.
„БТА и МИА ќе преземат ефективни мерки во размената на информации за да се избегне злонамерна пропаганда и поттикнување на насилство, омраза или други слични активности, кои би им наштетиле на односите… рече директорот на БТА Валчев.







