Бугарската социјалистичка партија одби да го потпише коалицискиот договор, иако тоа беше планирано за денес.
Коалицискиот договор нема да биде потпишан денеска. Ова стана јасно од зборовите на копретседателот на Промените продолжуваат, Кирил Петков“, јабви Њуз БГ.
Утрово почна итна средба со останатите лидери, бидејќи социјалистите побараа промена на текстовите за законодавната програма.
БСП се спротивстави на дел од текстот на коалицискиот договор. Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, изјави дека сака сè да биде детално разработено и дека нема ништо чудно во тоа. Според неа, во третиот дел од договорот – законодавниот, партијата има предлози за дополнувања кои се однесуваат на социјалната сфера.
Сепак, Кирил Петков изрази уверување дека текстот ќе биде завршен денеска.
Ако ова се случи, на почетокот на следната недела веќе ќе имаме функционална влада“, изјави Петков, цитиран од БТВ.
Вчера беше изразена намерата составот на кабинетот да биде готов за време на врачувањето на мандатот.
Петков и денеска се воздржува од коментари за имињата на министрите, но нагласи дека составот на Советот на министри е „во голема мера подготвен“.







