Ако владата одлучи да извезе оружје и муниција во Украина, БСП ќе ја напушти коалицијата, изјави вицепремиерката Корнелија Нинова ,јави БГНЕС.
На вонредниот состанок во среда попладне, пратениците ќе ја разгледаат предлог-одлуката за обезбедување воена и техничка помош за Република Украина.
„Доколку се донесе одлука на Советот на министри (Владата) за таков извоз, ние си заминуваме“, повтори таа и напомена дека кога ќе се врати премиерот Петков кој е во посета на Романија ќе има коалициски совет.
Таа рече дека не знае што Украина олекува во врска со вчера постигнатиот договор меѓу премиерот Петков и претседателот Зеленски Бугарија да репарира на украинската воена опрема.
Зеленски: Ќе ве снабдуваме со евтина струја; Петков: Ќе ја поправаме украинската воена опрема
Имаме договори со Чешка, Полска, САД, Индија, Египет итн. – и оружје се извезува во овие земји пред да започне војната, пред да дојде оваа влада.
Во моментов не е можно да се дава оружје за Украина. Државата што го стекнува станува сопственик, ние немаме ниту еден договор со Украина. Зад грб не може да се извезува оружје, изјави Корнелија Нинова.







