Претседателот Румен Радев мора да даде јасен одговор зошто Бугарија се споменува во информациите од руската страна за експлозијата на мостот на Крим, бара БСП.



Социјалистите бараат тој итно да им ја довери на бугарските служби истрага за случајот со камионот што тргна од Бургас.

Во оваа се поголема конфронтација треба да се даде брз и јасен сигнал и да не се дозволи Бугарија на кој било начин да биде вовлечена во конфликтот, категорични се БСП.

Во истрагата за експлозијата беше спомената и Бугарија бидејќи камионот што се разнесе на мостот поминал низ Бугарија.

На 8 октомври, камион-цистерна експлодираше на мостот над Керченскиот теснец.

Три лица загинаа во експлозијата, а избувна пожар во товарен воз со цистерни со нафтени деривати кои минуваа во близина. Од експлозијата се урнале две делници од едниот коловоз, но другиот коловоз и железничката пруга не се оштетени.