Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, најави дека следнатнедела ќе го врати неостварениот трет мандат, бидејќи не добила доволно поддршка за формирање влада.
Нема влада, Бугарија пак ќе оди на избори
Последните избори се одржаа на 2 октомври 2022 година, а разговорите за формирање влада траеја повеќе од три месеци.
Со трите неуспешни обиди за формирање на редовна влада во рамките на 48. Народно собрание, Бугарија ќе оди на петти по ред парламентарни избори во период од две години.







