Бугарските социјалисти ќе иницираат Народното собрание да донесе декларација со која ќе ги осуди последните антибугарски позиции на официјално Скопје, соопшти лидерката на БСП, Корнелија Нинова.



Таа ги оцени како „груби неосновани и неприфатливи“ изјавите на македонскиот премиер Димитар Ковачевски, кој го спореди односот на Бугарија кон Северна Македонија со оној на Русија кон Украина..

Ковачевски од Рејкјавик: Бугарија кон Македонија се однесува како Русија кон Украина

„Сега ќе иницираме генерална декларација на Народното собрание против сите овие чести зборови и постапки на официјалните власти во РСМ против авторитетот и достоинството на Бугарија“, рече Нинова, пренесуваат медиуми.

„БСП не го поддржа отстранувањето на ветото против РСМ и се покажа дека сме биле во право. Овие луѓе не се подготвени за членство во Европската унија“, потенцираше Нинова.