Брзо му најдоа замена на Пригожин: Командант „Лотус“, нов шеф на „Вагнер“

Немилосрдниот руски командант Антон Јелизаров (42), наречен „Лотус“ бил избран да ја преземе контролата врз платеничката група „Вагне“ по загинувањето на поранешниот водач на платеничката група Евгениј Пригожин, пишува британски Express.



Се вели дека новиот началник на Вагнер бил вклучен во некои од најжестоките борби во војната во Украина и одиграл водечка улога во крвавото заземање на градот Соледар во источна Украина од страна на Русија.

Подвизите на Јелизаров му ја донесоа титулата „освојувач на Соледар“ дадена лично од Пригожин.

Поранешниот лидер на Вагнер бил близок со „Лотус“, за кој се вели дека бил лојален на Пригожин.