Граѓани на Белград синоќа се простија од трансродовата тиктокерката Ноа Миливојев, која беше брутално убиена, а делови од нејзиното распарчено тело биле пронајдени вчера во кофи и торби во стан во центарот на српскиот главен град.
Таа исчезна на 17 јуни, а кога последен пат се слушнала со родителите им кажала дека со своето момче оди во Белград.
Тој тврди дека таа никогаш не дошла кај него.
За убиството е уапсен 33-годишниот Д.О., кој во полиција признал. Ноа имаше 14.000 следбеници на TikTok, а своето последно видео го објави непосредно пред да исчезне.
Телеграф вчера објави дека Ноа била родена како Ѓорѓе.
Поради тоа, Ноа се соочувала со постојани навреди и омаловажувања на TikTok.







