Застапничката за граѓански права Ребека Каванах објави шокантно видео од примена на сила на полицијата во Њујорк врз мајка со дете, апсејќи ја поради, наводно, неправилно носење маска.
„Полициско насилство. Службеници на Њујоршкиот полициски оддел придружуваа млада жена со нејзиното дете (двајцата носат маски) по скалите на подземната платформа во метрото, а потоа ја принудија да легне на подот и ја врзаа со лисици на рацете, во Бруклин попладнево. Полицијата соопшти дека таа не ја носела нејзината маска правилно“, напиша Каванах на Твитер.





