Попладнево во Скопје брутално е претепан бизнисменот и претседател на движењето „Трета“, Љупчо Палевски.
Според информациите на повеќе медиуми тој во тешка состојба е префрлен во болницата Аџибадем Систина.
Неофицијално тој бил пресретнат и нападнат пред својот дом на пат кон својата викендичка од двајца напаѓачи кои возеле мотори а веднаш по нападот се оддалечиле од местото на настанот.
На 17,09,2020 год. околу 17,15 час. пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна на две лица кои биле со моторцикл со употреба на метален предмет бил нападнат Љ. П.
Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР за медиумите.
Палевски лани помина осум месеци во екстрадициски притвор во Белград а предходно објавуваше бомби. Важи за остар критичар на владата на Заев и СДСМ.





