„Brussels Times“: Струјата пак поскапува?!

Цените на струјата на светските берзи, главно во Германија достигнаа највисоко ниво во последните седум месеци. На пазарот „ден пред“ (каде се плаќа струја за испорака во понеделник), цената на мегаватчас (MWh) струја во Германија надмина 150 евра, сума невидена од средината на февруари.



Само во понеделник навечер цената се очекува да достигне максимални 524 евра за MWh, пишува „Brussels Times“.

Струјата е скапа и во Холандија – повеќе од 148 евра за MWh. Експертите ја припишуваат оваа појава на недостатокот на производство на енергија од ветер по неколкудневното топло и мирно време. Покрај тоа, Белгија во моментов се соочува со намалено производство на нуклеарна енергија, додава Brussels Times.

Колку за споредба, просечната цена на електричната енергија во текот на јануари годинава, изнесуваше 138,33 евра за мегават-час и е за околу 123 евра пониска од цената по која се тргуваше во текот на декември минатата година.