Бројот на жртви и заразени од Ковид-19 во Македонија во јуни поголем од март, април и мај заедно!

За каков експоненцијален раст на епидемијата од Ковид-19 во Македонија станува збор покажуваат поразителните показатели од графичките прикази на програмерот Стеван Трајкоски на Твитер за јуни наспроти март, април и мај заедно.



Во тековниов месец, од кој остана уште еден ден, од коронавирус починаа 165 лица наспроти вкупно 134 во претходните три.

Бројот на новозаболени во јуни е 3.878 или 50 проценти повеќе отколку во периодот од март до мај, за кој вкупната бројка е 2.232.

Конечно, Македонија е четврта во Европа според бројот на нови позитивни на коронавирус во последните седум дена со 70,7 случаи на милион жители. Пред неа се само Ерменија со 218,8, Шведска со 128,6 и Молдавија со 72,6.