Бројот на случаи на „Ковид-19“ вои светот достигна 1,5 милиони низ целиот свет, јави АФП.
Болеста, која за прв пат е забележана во Вухан, Кина, започна брзо да се шири низ целиот свет во февруари, а епицентарот на пандемијата се префрли во САД во последните неколку недели, каде повеќе од 432.000 тестираа позитивни за „Ковид-19“, а над 14.000 лица починаа.
Во Европа, Шпанија, Италија, Франција и Германија остануваат најтешко погодени, од кои секоја има повеќе од 80.000 потврдени случаи. на коронавирус.
Нации како Шпанија и Германија забележаа мало намалување на дневниот број на ново пријавени случаи на почетокот од овој месец. Сепак, овие бројки неодамна повторно почнаа да растат.






