Бројот на загинати во Јапонија се искачи на 55

Бројот на загинати во земјотресите во Јапонија се искачи на 55, јавува Sky News.



Афтершоковите продолжуваат да ја потресуваат префектурата Ишикава и околните области еден ден по земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала.

Штетата не може веднаш да се процени. Јапонските медиуми јавуваат дека се уништени десетици илјади домови.

Премиерот Фумио Кишида рече дека размерите на штетата од земјотресот стануваат „сè појасни“ повеќе од 24 часа откако го погоди полуостровот Ното во префектурата Ишикава.

„Владата распореди итни спасувачки екипи од силите за самоодбрана, полицијата и пожарникарите во областа и прави сѐ што може за да ги спаси жртвите и преживеаните, но добивме извештаи дека се уште има многу луѓе кои чекаат да бидат спасени од под урнатите згради“.и

Кишида рече дека околу 3.000 спасувачи имаат потешкотии да стигнат до северниот врв на полуостровот каде зградите и инфраструктурата се тешко оштетени и горат многу пожари.