Бројот на починати од Ковид-19 во светот надмина 300 илјади

Пандемијата на Ковид-19 во светот од денеска има над 300 илјади жртви, поточно 301.778, регистрирани се безмалку 4,5 милиони (4.494.873) заболени и речиси 1,7 милиони (1.691.625) оздравени.



Само во САД има повеќе од 86 илјади починати, од кои 1.280 во последните 24 часа, а дополнително се заразени 18.000. САД е и единствената земја со над милион заболени, поточно 1,45 милиони.

Од коронавирус заболе нов член на руската Влада – покрај премиерот Мишустин, и министерот за образование. Русија е трета по бројот на заболени со 252 илјади случаи.