Вкупниот број на жртви од пандемијата на коронавирус во светот денеска достигна шест цифри, поточно 101.576, што претставува удвојување во однос на петокот минатата седмица.
Во истиот период бројот на заразени се зголеми за две третини и достигна 1.677.285 лица.
САД и денеска бележат најголем број починати – 1.343, а безмалку четирицифрени се и смртните случаи во Франција (987), како и во Велика Британија (980).
Вкупно, најмногу починати од Ковид-19 регистрира Италија – 18.849, а САД речиси се израмнија со неа со 18.034.




