Бројот на починати од коронавирус во светот надмина 10.000

Денешните податоци покажуваат дека бројот на починати во светот од коронавирусот изнесува 10.048.
Инфицирани се 245.997 лица, а закрепнале се 88.471.



Епидемијата во Кина се смирува, а во меѓувреме Европа стана епицентар на пандемијата.

Со 41.035 заразени и 3.405 починати, Италија го надмина бројот на жртвите во Кина.

Следува Иран со 18.407 заразени и 1.284 смртни случаи, по што следи Шпанија со 18.077 заразени.

Во Германија има 15.320 случаи и 44 смртни случаи, а САД имаат 14.354 заразени и 217 смртни случаи.

Повеќе од десет илјади заразени има и Франција, 10.995 а бројот на починати е 372 луѓе.