Официјалната бројка на исчезнати лица во Мексико за прв пат надмина 100.000, додека нивните семејства бараат од властите да направат повеќе за да ги пронајдат жртвите на насилство поврзани со организираниот криминал во земјата, објави Дојче веле.



Министерството за внатрешни работи подготвува национален регистар на „desaparecidos“ – исчезнати лица – кој периодично се ажурира.

Во последните две години нивниот број пораснал од околу 73.000 на повеќе од 100.000, главно мажи.

Мексико доживува растечко насилство од почетокот на војната против дрогата, која започна во 2006 година, со повеќе од 350.000 жртви.

Минатата година, земјата со повеќе од 129 милиони жители, имала во просек по 94 убиства на ден.