Бројот на буџетари порасна за 3.346

Минатата година во јавниот сектор имало повеќе вработени во однос на 2017 година, односно вработени се 3.346 луѓе повеќе соопшти денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, пренесува „Плусинфо“.



Тој рече дека вкупниот број вработени во јавниот сектор до крајот на минатата година изнесувал 132.068, а заедно со вработените во акционерските друштва во целосна државна сопственост и преку агенциите за привремени вработувања изнесува 143.184.