Бројчаник на Триумфална ќе ги брои нападите врз полицајци

Независниот полициски синдикат најави дека на Триумфалната порта во Скопје ќе постави бројчаник кој ќе го прикажува бројот на напади врз полициски служебници.



„Крајно сериозна и загрижувачка е состојба со нападите врз полициските службеници кои веќе ја стигнаа бројката од 7 напади во 5 дена“, велат од Независниот синдикат на полицијата, пренесува Плусинфо.

Од Независниот синдикат на полицијата најавуваат дека ќе постават бројчаник кој ќе го прикажува бројот на нападнати УПС во МВР.

Само вчера при претрес во КПУ Идризово беа повредени десетина полицајци…

Поранешниот премиер Зоран Заев своевремено постави бројчаник на портата кој ќе ги прикажува вратените украдени пари од буџетот на државата што никогаш не се случи.