Хрватскиот новинар Иван Бродиќ во објава на Твитер прашува дали Македонија ќе стекнеше независност ако за време на референдумот од 8 септември 1991 година премиер ѝ беше Зоран Заев.



„#КакваЕОвааСитуација

Среќен Ден на независноста на Република Македонија. Приближно еднаков број луѓе гласаа за независност колку што го бојкотираа референдумот за промена на името на нацијата и на државата. Според тоа, ќе имаше ли раздружување ако тогаш премиер беше Зоран Заев? #ПрашувамЗаРоднина“, твитна Бродиќ, кој е добро упатен во македонските состојби и често ги коментира.