Бродиќ: Уште да ја даде МПЦ на српските “администратори” и ги решил сите проблеми

Хрватскиот аналитичар Иван Бродиќ со ироничен предлог како македонскиот премиер да ги реши сите отворени проблеми со соседите.



Бродиќ предлага Заев да ја даде МПЦ на СПЦ која по примерот со бугарските фашисти може да се прикаже како администрација на црковниот живот во Македонија.

“Заев вели дека Македонија во втората светска војна не била окупирана туку администрирана. Супер еуфемизам. Сепак, сè уште нема договор со Република Србија што ги суспендира националните атрибути. Дали МПЦ ќе ги даде на „администрацијата“ за да можат да се решат сите отворени прашања?”, прашува Бродиќ со доза на хумор за идните чекори на македонскиот премиер.