Бродиќ: На Македонија не ѝ требаат непријатели кога ја има Коевска

Хрватскиот аналитичар и новинар Иван Бродиќ кој одлично ја познава состојбата во Македонија и регионот реагира иронично на вчерашниот скандал на песната на Евровизија.



Од непознати причини македонската претставничка во еден момент на фотографирање го фрли на земја македонското знаме.

,,Ако ја имате Андреа Коевска, што ќе ви се сите проблеми со вашите соседи, домашни капитуланти, сепаратисти и други познати и непознати непријатели?”, прашува Бродиќ користејќи ги хаштазите #Европесна #МакедонскоИмеНеДаЗагине #НикогаСЕвернаСамоМакедонија

По инцидентот Коевска се извини но се уште се интензивни критиките кон неа за гестот што може да се толкува и како кривично дело против симболите на државата.