Хрватскиот новинар и добар познавач на состојбите во Македонија, Иван Бродиќ, реагира за игнорирањето од власта во Скопје на 160-годишнината од објавувањето во Загреб на Зборникот на народни умотворби од македонските преродбеници, струшките браќа Димитар и Константин Миладинови.
„#КакваЕОвааСитуација Има една власт на ридестиот Балкан, која откако направи трговија со промената на историјата и на името на нацијата, денеска ги бојкотира културните татковци на нацијата – браќата Миладиновци и нивната годишнина…“, коментира Бродиќ.





