Брнабиќ: Вакциниравме 22.000 луѓе од регионот, без политика, туку заради солидарност

Премиерка Ана Брнабиќ изјави дека од Србија во регионот е испратена најдобра слика за солидарност со вакцинирањето на граѓаните на другите земји и дека сите ќе бидат повикани да се ревакцинараат, јави дописникот на МИА од Белград



„Во таа покана да дојдат немаше политика, ниту имаше политика во нивното доаѓање“, изјави Брнабиќ за ТВ Хепи.

„Секој што дојде во Србија веруваше, ни веруваа и нам и им благодарам“, изјави Брнабиќ.

Таа кажа дека се проценува дека Србија ќе мора да уништи 20.000-25.000 вакцини АстраЗенека бидејќи на почетокот на април им истекува рокот и додаде дека Србија не сакала да направи такво нешто, туку да му помогне на регионот со покана на граѓаните од други земји да се вакцинираат.

-Драго ми е што бевме солидарни, не само сега, туку и кога Александар Вучиќ донесе вакцини во другите земји, кажа Брнабиќ.