Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека барањето на Хрватска да се запре испораката на руска нафта во Србија преку Јанаф, како дел од новиот пакет санкции на ЕУ против Русија, е отворен чин на непријателство на Хрватска кон Србија.
Земјите-членки на Европската унија вчера го изгласаа осмиот пакет санкции против Русија, кој и овојпат е насочен кон ограничување на цената на нафтата што Русија ја извезува во трети земји надвор од ЕУ..
На инсистирање на Хрватска, на чело со премиерот на таа земја, Андреј Пленковиќ, во тој пакет е вклучена и Србија, бидејќи веќе нема да може да увезува руска нафта преку Јадранскиот нафтовод. Тоа практично значи дека Србија ќе мора да плати скапа нафта поради Хрватска и овој потег.
„Оваа одлука промени сè. До вчера мислев дека Вучиќ ќе биде во Прага под притисок и под оган, а денес по оваа срамна одлука на која инсистираше Хрватска, Вучиќ жестоко ќе и одговори на таа земја, денес ќе видат кој е Вучиќ и колку е силен и решителен е , ќе им го покаже нивниот срам.
Мислам дека до сега не го виделе Вучиќ кој има силни аргументи да им ги покаже сите срања. Дека исклучуваат некои членки на Унијата од пакетот санкции, но тоа и го прават на Србија по експлицитно барање на Хрватска.
Стотици милиони евра излегуваат од џебовите на нашата земја“, изјави Брнабиќ, гостинка во програмата на ТВ „Хепи“.
Премиерката додава дека ова е отворен чин на непријателство на Хрватска кон Србија, пренесе „Политика“.
„Сè за што Европската унија ја критикува Русија, тоа ни го направија вчера, вели Брнабиќ.
Претседателот Вучиќ денеска околу 18 часот има средба со Фон Дер Лајен и што може да им порача, на Европската Унија.







