Четири дена откако министерот за здравство Филипче најави дека Македонскиот здравствен систем е подготвен за вакцинација и за вакцините од Србија премиерка Брнабиќ објасни дека македонските власти не ја завршиле домашната задача за да ги примат и искористат брзо вакцините.
Во интервју за „Happy Tv“, српската премиерка Ана Брнабиќ откри дека вакцината на Фајзер не е регистрирана во Македонија и дека тие во моментот помагаат за да се регистрира.
“Ние имаме договор, премиерот на Македонија Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ разговараа. Вучиќ одлучи да им помогнеме со 8.000 вакцини. Помагаме вакцината на Фајзер да се регистрира во Македонија, работиме со нив. Проблем може да биде тоа што тие добија вакцина од Фајзер, но се уште не е регистрирана. Не е поентата само да се купи вакцината, постојат уште многу работи како регистрација од страна на релевантна агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји која има адекватен информативен систем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцина, се е транспарентно. Слушав приказни од луѓе од други земји каде што кажуваат дека немаат претстава како да се пријават, кои им се приоритетни групи“, кажа Брнабиќ која практично откри дека македонските власти се целосно неподготвени за прием и користење на вакцината на компанијата Фајзер а веројатно и за другите вакцини.
Што кажа Филипче пред 4 дена
Нашиот здравствен систем е целосно спремен за вакцинација и во месец февруари се очекува да пристигнат првите дози вакцини на Фајзер и Ковакс механизмот.https://t.co/EYOrxcWHe0
— Венко Филипче (@VFilipche) January 16, 2021






