Ана Брнабиќ ќе биде мандатар на новата Влада на Србија, соопшти денеска српскиот.
Како што беше најавено, претседател Александар Вучиќ денеска го соопшти името на следниот српски премиер и – речиси очекувано – тоа е досегашната премиерка Ана Брнабиќ.
Одлуката, како што објасни, ја донел по консултација околу изборот од тројца можни кандидати. „Сите тројца кандидати за вицепремиер ќе бидат исклучително важни членови на Владата“,рече Вучиќ.
Како што рече, Брнабиќ нема да биде премиер четири години, туку до 2024 година.
„Имам безгранична доверба во Ана. Кога еден од пратениците рече дека Ана е демонизирана, во тој момент решив дека тоа треба да биде таа. Таа беше демонизирана. Таа е способна да прави тешки работи од кои луѓето бегаат, правејќи работи што сите други ги избегнуваат. Горд сум што имам таков соработник и затоа предлагам способна, вредна и пред се лојална личност на Србија за најважната функција во земјата“, рече Вучиќ.
Како што рече, Милош Вучевиќ, вториот кандидат за премиер и градоначалник на Нови Сад, ќе заземе многу важна функција во Владата.
Многу важна функција во Владата ќе има Ивица Дачиќ, кој покрај министерската функција и вицепремиер, ќе биде и координатор на Националната служба за безбедност.
„Синиша Мали во кого имам голема доверба ќе биде еден од потпретседателите“, рече Вучиќ.







