386 заразени и 18 лица починаа е денешниот биланс на корнавирусот во Србија, соопшти премиерката Ана Брнабиќ во вонредното обраќање до јавноста, додавајќи дека резултатите од последните протести ќе се видат во наредните денови.
„Денес е најлошиот ден од почетокот на борбата против коронавирусот, поради што јас лично сакав да им се обратам на граѓаните. Во изминатите 24 часа починаа 18 лица, 130 се на респиратори и од 8.646 тестирани, имаме 386 новозаразени лица. Најлошо е во Белград а потоа во Шабац, Крагуевац и Нови Пазар “, рече таа.
Според неа, ова е резултат на недисциплина од пред 5-6 дена, а резултатите од протестот ќе ги видиме за 3-4 дена.
Таа истакна дека нема подобро решение од почитување на мерките од страна на граѓаните.
„Не постои таков здравствен систем што може да функционира ако граѓаните не ги почитуваат мерките. Мораме да ги пуштиме луѓето да живеат, ова ќе трае уште долго“, вели Брнабиќ.




